Јунг на турнеја на Блискиот исток
29 октомври 2007Реклама
Германскиот министер за одбрана, Франц Јозеф Јунг, денеска отпатува на петдневна турнеја на Блискиот Исток, за време на која покрај политичките разговори , треба да ги посети и припадниците на Бундесверот кои се дел од мировната мисија на ОН, во Либан , наречена УНИФИЛ. Јунг покрај тоа треба да ги посети Обединетите Арапски Емирати , Јордан и Израел.