Јунг – Косово
31 август 2007Реклама
Со политичките разговори што денеска ги води на Косово, германскиот министер за одбрана, Франц Јозеф Јунг ја завршува тридневната турнеја на Балканот. Јунг вчера престојуваше во Албанија и Македонија. Тој во Скопје изјави дека
приклучувањето на Македонија во НАТО не е директно поврзано со разрешувањето на косовското прашање. Првиот човек на германската одбрана ги пофали армиските реформи во Македонија и најави дека НАТО во септември ќе го претстави својот извештај за напредокот на земјата. Во Албанија, Јунг и албанскиот претседател, Бамир Топи, оценија дека планот на Ахтисари е вистинскиот пат за Косово.