Јужнокорејската влада преговара со Талибанците
16 август 2007Реклама
Претставници на талибанските бунтовници и на владата на Јужна Кореја ги обновија преговорите за ослободување на 19-те јужнокорејски заложници во Авганистан. Ова го соопшти претставник на Меѓународниот Црвен Крст . Претходно почетокот на преговорите во градот Газни беше откажан поради непознати причини. Талибанците на 19 јули грабнаа вкупно 23 Јужно Корејци , од кои двајца беа убиени а две заложнички со сериозни здравствени проблеми беа ослободени.