1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јужна Кореја и Северна Кореја на историски самит

2 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Blzv

Претседателот на Северна Кореја Ким Јонг Ил го прими јужнокорејскиот претседател Ро Мо Хјун на вториот меѓукорејски дијалог во Пјонгјанг. Двајцата државници на плоштад во главниот град на Северна Кореја си подадоа рака. Ро е прв претседател на Јужна Кореја кој пеш ја минал тешко обезбедуваната граница меѓу двете Кореи. Тридневниот самит во Пјонгјанг е втор по поделбата на корејскиот полуостров во 1953 година.