Јужна Кореја и ЕУ ќе почнат преговори за слободна трговија
6 мај 2007Реклама
Јужна Кореја и Европската унија најавија почеток на преговори за слободна трговија. Како што во Сеул најавија европскиот комесар за трговија Питер Менделсон и јужно корејскиот министер за трговија Ким Хјун Чонг, преговорите треба да почнат уште утре. Доколу бидат успешно завршени ќе се зголеми размената на стока. Економијата на Јужна Кореја е трета по големина во Азија.