1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јужна Африка домаќин на светското фудбалско првенство 2010

15 мај 2004

Десет години по завршувањето на апартхејдот, светската фудбалска федерација ФИФА ја избра Јужна Африка за земја домаќин на светското фудбалско првенство во 2010.

https://p.dw.com/p/Aend
Радоста на Нелсон Мандела
Радоста на Нелсон МанделаФотографија: AP

Претседателот на федерацијата Сеп Блатер обзнани:

“Победник е Јужна Африка“!

Ова ќе биде првото светско првенство во фудбал на тлото на Африка. Во земјата решението беше прифатено со голема радост:

Носителот на нобеловата награда за мир и поранешен претседател на оваа земја Нелсон Мандела, кој заедно со актуелниот претседател Табо Мбеки и вториот носител на Нобеловата награда за мир од оваа земја, свештеникот Дезмонд Туту ја претставуваа својата земја како и мирна и мултикултурна, изјави:

“Се чувствувам како момче од 50 години. Убавината на оваа победа е во тоа што имавме остра конкуренција што го правеше тешко прогнозирањето за исходот. Мојата порака гласи: Јужна Африка овој резултат треба да го прифати без ароганција зашто ние сите сме исти: и оние што успеаја и оние на кои овојпат тоа не им успеа“.

Јужна Африка доби апсолутно мнозинство уште во првиот круг од гласањето со 14 спрема 10 против контракандидатот Мароко. Во полза на победата беше сознанието дека Јужна Африка располага со подобра инфраструктура, водеше поофанзивна кампања и на своја страна ја имаше власта во државата. "Оној што сака да оранизира светско првенство мора да ја има безрезервната поддршка на својата влада", изјави Блатер. Поддршка за организацијата на светското првенство стигна и од Германија, посебно во последните месеци. Франц Бекенбауер, шефот на Дајмлер Крајслер Јирген Шремпф и лично канцеларот Герхард Шредер многу се ангажираа за Јужна Африка.

По обајвувањето на името на организаторот, Франц Бекенбауер изјави:“ Јужна Африка ќе биде многу добар домаќин. Уште во 2000-тата кога само за малку ние победивме во трката, се покажа дека можеме да се радуваме на средечно и пријателско светско првенство“.

Претседателот на државата Табо Мбеки пак добивањето на довербата го прогласи за сеафрикснаки настан: "Рековме дека ова ќе биде африкански куп и тоа значи дека се однесува на сите земји од континентот, секако и на оние што настапија како наши противконкуренти: Либија, Тунис, Мароко и Египет. Сакаме да бидат наши партнери и учесници на светското првенство“. Честитки упати и германскиот министер за внатршени работи Ото Шили:“Решението не е победа само на спортска Јужна Африка, туку за целиот африкански континент“.