1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Југословенско полуфинале на Евросонг во Баку

Јаков Леон/ Александра Трајковска24 мај 2012

Втората полуфинална вечер на изборот за Песна на Евровизија носи поголема возбуда од првата. На неа настапуваат претставниците на Македонија, Хрватска, Босна и Србија.

https://p.dw.com/p/151Tk
Фотографија: Dejan Milicevic

Најголеми изгледи за влез во финалето има претставникот на Србија, Жељко Јоксимовиќ, кој по вторпат учествува на Евровизија како изведувач. Пред него на листата на финалистите речиси сигурно ќе се најде Шведска, чија претставничка Лорен важи за убедливо најголем фаворит за победник на овогодишната Евровизија.

Сепак композицијата „Није љубав ствар“ се’ подобро котира и според прогнозите на евровизиските фанови, новинари, но и обложувалниците, српскиот претставник со големо евровизиско искуство би можел да освои четврто место.

„Настапот го доведовме до совршенство и мислам дека сме на добар пат да го направиме најголемиот успех поради кој дојдовме овде. Експедицијата на Србија во Баку привлекува големо внимание и се надеваме на најдоброто“, вели Јоксимовиќ.

Probe 2. ESC-Halbfinale
Жељко ЈоксимовиќФотографија: AP

На пласман во финалето на 57-то издание на изборот на Песна за Евровизија во Баку може да смета и Маја Сар, 30 годишната кантавторка од Босна и Херцеговина, иако на листа на фаворитите е дури на 26-то место. Песната „Кораке ти знам“ е уше една во низата балади од балканските простори, што може да биде и отежнувачка околност. Од друга страна, и покрај сите технички можности коишто ги нуди ова европско ТВ шоу, сценскиот настап на Маја е прилично скромен, но тоа и беше целта, вели претсавничката на БиХ и дополнува: „Од почетокот, од кога сум именувана за претставничка на БиХ оваа година, одлучив да играм на картата песната да ми биде главниот адут во однос на се’ останато. Се водиме од тоа и на сценскиот настап, и во таа презентација да не отстапиме од она што е најзначајно, а тоа повторно е пораката што ја носи песната. Јас сум доста задоволна и добивав критики за тоа што сум сама на сцената и што немам никакви акробации, но едноставно не сакам да потпаднам под туѓи вкусови“.

Probe 2. ESC-Halbfinale
Маја СарФотографија: AP

Најмали изгледи за влез во финалето имаат претставничките на Хрватска и на Македонија, Нина Бадриќ и Калиопи. Меѓутоа четирикратната победничка на престижната награда Порин, или како што ја нарекуваат во евровизиските кругови „smooky voice“ верува дека Хрватска овојпат ќе биде меѓу финалистите, оти како што вели не верува во прогнозите.

Двонеделниот престој во Баку детално е испланиран за сите, па и за самите изведувачи. Пробите, конференциите за новинари и останатите промотивни активности, одземаат многу време. Во обид да дознаеме дали колегите од просторот на бивша Југославија се дружат меѓусебе, од Нина Бадриќ стигнува одговорот: „За жал не. Во ист хотел сме, но секој има свои обврски. Секој по свој пат, и тоа е тоа“.

Probe 2. ESC-Halbfinale
Нина БадриќФотографија: Reuters

Останатите фаворити на втората евровизиска вечер за влез во финалето се и Турција, Норвешка и Украина. Откако денеска ќе бидат познати последните десет финалисти, големото финале во Кристалната арена во главниот град на Азерјбеџан ќе се оддржи сабота, 26-ти мај.