1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Југоисточна Европа напредува

8 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BDhS

Учесниците на Кроација-самитот 2007-ма во Дубровник се согласија дека југоистокот на Европа економски и политички напредува, но дека се потребни дополнителни напори за тоа подрачје од “потрошувач на безбедноста” да стане нејзин “извозник”. Завршниот дел на дводневниот собир беше посветен на расправата за безбедноста и стопанскиот развој на регионот, за што, покрај политичките претставници, излагања имаа и бизнисмени од југоисточна Европа.

Највисоките преставници од регионот, како и од САД и НАТО, се согласија дека иднината на овој дел на Европа е во трансатлантските интеграции, односно членство во ЕУ и НАТО.