1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јувентус и ПСЖ во четвртфиналето

БГ/миа7 март 2013

Италијанскиот и францускиот тим успеаја да ја задржат предноста од првите мечеви во Лигата на шампионите и да обезбедат пласман меѓу осумте најдобри во Европа

https://p.dw.com/p/17sao
Фотографија: Getty Images

Фудбалерите на Јувентус и на Пари Сен Жермен очекувано се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако синоќа во реванш осминафиналните дуели беа поуспешни од Селтик осносно Валенсија.

Јувентус по триумфот на гости во Глазгов од 3:0, повторно го совлада Селтик овојпат во Торино со 2:0. Головите за Јувентус ги постигнаа Матри во 24. и Кваљарела во 65 минута.

Потешка задача имаше ПСЖ кој исто така го доби првиот меч на гости со 2:1. Валенсија синоќа поведе со 1:0 со голот на Жонас во 55 минута, но „светците“ во чии редови поради црвен картон не беше Златан Ибрахимовиќ, успејаа да израмнат и да изборат пласман меѓу осумте најдобри екипи во Европа. Стрелец на израмнувачкиот гол за ПСЖ беше Лавеци (на фотографијата горе) во 66. минута.

Во четвртфиналето на Лигата на шампионите претходно се пласираа Реал и Борусија Дортмунд, кои ги елиминираа Манчестер Јунајтед и Шахтјор.

Кои екипи ќе ги пополнат преостанатите четири места, ќе се знае на 12 и на 13 март кога се играат реванш натпреварите меѓу Шалке и Галатасарај (првиот меч заврши 1:1), Барселона-Милан (0:2), Бајерн-Арсенал (3:1) и Малага-Порто (0:1).