Јубилејната седница на Советот на Европа во Белград
22 јуни 2007Реклама
Српскиот претседател Борис Тадиќ очекува европски пристап и внимателно донесена одлука за косовското прашање. Тадиќ на отворањето на јубилејната илјадита седница на Советот на Европа која се одржува во Белград, изјави дека “Косово и Метохија не е проблем само на Србија туку и за другите региони и за Европа, како и дека независност на Косово би била опасна за сите. Инаку на јубилејната седница главна тема е “состојбата на демократијата во Европа и улогата на Советот на Европа”. Србија во моментов претседава со Советот.