Јеремиќ за меѓународна конференција за Косово
8 октомври 2007Реклама
Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ изјави дека одржувањето на меѓународна конференција за Косово би можело да биде корисно за натамошниот тек на процесот за решавање на статусот на покраината. Јеремиќ повтори дека српскиот преговарачки тим е подготвен на преговори во каква било форма под легитимитет на ОН, од кои би произлегло решение кое ќе биде потврдено од советот за безбедност на ОН.