1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јенс Леман на голот на Германија на Светското првенство

7 април 2006

Клинсман му даде предност на голманот на Арсенал пред досегашниот број 1 Оливер Кан од Баерн Минхен

https://p.dw.com/p/Aeis
Конкурентите Кан и Леман
Конкурентите Кан и ЛеманФотографија: picture-alliance / dpa/dpaweb

Решението беше најавувано за почетокот на мај, но по големиот притисок од медиумите, но и од редовите на Баерн, сојузниот тренер Јирген Клинсман денеска дефинитивно се определи Јенс Леман да биде прв голман на германската фудбалска репрезентација.

Леман одлично го чува голот на Арсенал во англиското првенство, а во европската Лига на шампионите веќе на осум средби нема примено гол, што е рекорд во најквалитетното европско клупско натпреварување. Оливер Кан, напротив, во последниов период покажа знаци на неигурност, си дозволи киксови кои не му прилегаат на голман од светска класа. Во Баерн тоа го протолкуваа како резултат на притисокот во отворената борба за дресот број 1 во репрезентацијата и бараа од Клинсман конечно да ја отстрани неизвесноста.

Клинсман денеска претпладне своето решение му го соопштил на Баерн. „Тоа беше најтешкото решение во мојот досегашен мандат“ – рече селекторот.

Оливер Кан по разговорот со раководството на својот клуб изјави: „Многу сум изненаден и безмерно разочаран од ова решение. Сега во наредните недели целосно ќе се концентрирам врз задачите кај Баерн во Бундеслигата и во германскиот куп. Во наредните недели ќе размислам околу мојата натамошна иднина во германската репрезентација и во дадено време ќа се изјаснам во врска со тоа“.