1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јеменското протестно движење состави влада во сенка

16 јули 2011

Високи претставници на протестното движење во Јемен објавија дека е составена влада во сенка. Таа би требало да ги преземе владините функции во случај на пад на претседателот Али Абдула Салех.

https://p.dw.com/p/11wjQ
Фотографија: DW

Лидерот на протестното движење во Јемен, Тавакул Карман, изјави дека таканаречениот Президијален преоден совет се состои од 17 члена. Тие се бивши министри, еден поранешен премиер, личности од општествениот живот, како и бизнисмени. Треба да се формира и Национално собрание, кое би броело околу 500 члена, а чија задача ќе биде подготовка на нов устав. Салех владее во Јемен 33 години. Во моментов работите во земјата ги води потпретседателот Абед Рабо Мансур Хади, затоа што Салех во јуни беше повреден во еден ракетен напад, по што беше префрлен на лекување во Саудиска Арабија. Претставник на владата на Саудиска Арабија, во меѓувреме, објави дека Салех наскоро ќе се врати во Јемен. Тој, без да наведе термин на враќањето на Салех, нагласи дека претседателот на Јемен е со добро здравје и само чека на дозвола од лекарите.

Автор: ЕМФ/дв