Јасна победа за Понта во Романија
10 декември 2012Социјал-либералната унија на премиерот Виктор Понта, според анкетите постигна убедлива победа на парламентарните избори во Романија. Прогнозите велат дека централно-левичарската коалиција освоила околу 57 проценти од мандатите. Алијансата праведна Романија, која е блиска до претседателот Трајан Басеску претрпе пораз со освоени околу 18 проценти.
Понта во првата реакција изјави дека ова е „јасна победа со апсолутно мнозинство во парламентот“.
Романските граѓани требаше да се одлучат за нов состав на парламентот со 315 мандати и 137 во Сенатот на Романија. Изборното раководство соопшти дека според проценките на изборите излегле 41,72 проценти граѓани.
Премиерот Виктор Понта и претседателот Трајан Басеску со месеци водат борба за превласт. Минатото лето романската влада, и покрај меѓународната критика се обиде да го обезвласти претседателот, во што не успеа. Сега Басеску треба да го номинира новиот премиер и постои можност да се одлучи против Понта. Ова би можело да ги одложи преговорите со ММФ за идно неоходниот нов кредит за помош.