1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јапонски авиони во кинеската „воздушна одбранбена зона“

АТ/ афп/ ртр/ дпа28 ноември 2013

Повторно странски авион навлезе во новата кинеска „воздушна одбранбена зона“. Јапонското воздухопловство спроведе рутински лет. Интернет корисниците во Кина негодуваат поради инцидентите.

https://p.dw.com/p/1AQ0R
Фотографија: picture alliance / AP Photo

Кинеската Микро-блогинг-служба „Веибо“ во моменов се занимава само со една тема: Наводната повреда на новата кинеска „воздушна одбренбена зона“. Кина од саботата во оваа зона во Источното Кинеско Море бара странските авиони да се идентификуваат и да ги следат упатствата на кинеското воздухопловство. Оттогаш САД испратија Б52 бомбардери во поморската област во која Јапонците и Кинезите спорат поради една островска група; воедно и Јужна Кореја најави дека нема да ја признае унлатерално од Пекинг воведената контролна зона.

Сега Јапонија испрати сопствени авиони на воздухопловството и крајбрежните сили во „воздушната одбренбена зона“. Без предходно да ги информираат Кинезите, како што денеска соопшти јапонската влада. Станувало збор за рутински летови. „Ние нема да ги ограничиме овие активности поради Кина“, изјави секретарот на јапонскиот кабинет Јошихиде Суга. Во Источно Кинеско Море Пекинг го смета за своја територија островот Диаоју, кој во Јапонија е познат под името Сенкаку. Во таа област јапонската морнарица е присутна со воени бродови. Освен тоа и Јужна Кореја соопшти дека денеска еден нејзин авион летал во таа област.

Досега ништо не се случи. Пекинг не испрати сопствени борбени авион за да ги пресретне јапонските, кореанските и американските авиони. Многумина Кинези на интернет се чини дека се незадоволни од не реагирањето на нивната влада.

„Кога две лица ќе се сретнат на тесен пат, тогаш победува похрабриот од двајцата“, напиша еден блогер, кого го цитира интернет изданието на „Вол стрит журнал“. Од денеска меѓутоа кинескиот носач на авиони „Лиаонинг“ се движи кон јужнокинеското Море, каде оваа земја спори со други соседни земји за островска група. Кинеската морнарица соопшти дека носачот на авиони бил наменет за обука.