Јапонските либералдемократи бираат наследник на Абе
23 септември 2007Реклама
Јапонските либералдемократи денеска бираат нов партиски шеф, откако премиерот и претседател на партијата Шинсо Абе поднесе оставка. Фаворит е 71 годишниот политичар Јасуо Фукуда кој во анкетите води пред бившиот прв дипломат Таро Асо. По серијата скандали и лоши изборни резултати во јули, Абе поднесе оставка на 12 септември.