1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јапонскиот премиер Наото Кан поднесе оставка

26 август 2011

По големата критика за кризниот менаџмент, само една година и три месеци по неговиот избор, јапонскиот премиер Наото Кан поднесе оставка на функциите.

https://p.dw.com/p/12NwW
Премиерот во оставка Наото КанФотографија: dapd

Јапонскиот премиер Наото Кан поднесе оставка на функцијата и се повлече од раководната функција во Демократската партија. Рејтингот на 64-годишниот Наото Кан се намали под 20 отсто поради незадоволството на Јапонците од начинот на кој се справуваше со кризата по хаваријата во нуклеарната централа Фукушима, предизвикана од земјотресот и цунамито од 11 март. 

Се очекува партијата в понеделник да избере нов лидер, кој според традиција ќе биде и нов премиер. Гласањето во Долниот дом ќе биде во вторник. Најголеми шанси има поранешниот министер за внатрешни работи Сеиџи Маехара. Ако биде избран, 49-годишниот Маехара ќе биде најмладиот премиер на Јапонија по Втората Светска Војна.
 

Автор: ТТ/ АТ/ миа

Редактор: Е.М. Фиданоска