Јапонија ги вклучува исклучените нуклеарки
16 јуни 2012Нода рече дека рестартот на нуклеарките е неопходност за избеднување на штетите што се прават во третата по големина економија на светот. Во употреба ќе се пуштат два реактори, кои имаат капацитет од 2.364 мегавати.
Недостатокот на енергија од нуклеарните централи ја зголемил потрошувачката на фосилни горива и гас. Во месец мај биле потрошени рекордни 4,41 милион тон втечнет гас, а потрошувачката на фосилните горива во исто истиот месец се зголемила за 169 проценти, во споредба со истиот период пред една година.
По несреќата во Фукушима јапонските власти ги изгасија сите 50 реактори во земјата. Пред премиерот и министрите, одобрение за повторното активирање на нуклеарните реактори даде и градоначалникот на градот Охи, на западот од Јапонија, со образложение оти постои загриженост за можен недостаток на електрична енергија, а последици би имало и за локалната економија, доколку централата остане затворена.