1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јапонија во 2008 претседавач на Групата 8

2 јануари 2008

Со почетокот на годината Јапонија од Германија го презеде претседателството на Групата 8. Токиоќе настојува на преден план да ги стави темите заштита на климата и помошта на Африка.

https://p.dw.com/p/Cj5Q
Дел од темите и развојот на светската економија: пад на берзата во ТокиоФотографија: AP


Во подготвките на самитот на Г-8 Јапонија има намера да одржи конференција на министрите за екологија, што ќе биде новитет во историјата на оваа група. Ваквото решение покажува какво значење Токио и посветува на темата заштита на климата која беше во фокусот и на самитот во минатата година во Хајлигендам.

Јапонската влада со новиот премиер Јасуо Фукуда има намера преку претседателството на Г-8 повторно да ја преземе водечката улога во меѓународните напори за сеопфатен договор што ќе го наследи таканаречениот Кјото протокол кој истекува во 2012 година. Токио, како што се вели, има намера да им предложи на партнерите од групата, намалување на издувните гасови, договор во кој, освен индустриските и земјите во развој, би биле застапени и земјите во забрзан развој како Кина и Индија. За секоја од овие групи би биле програмирани конкретни цели. На тој начин Јапонија ја напушта досега многу критикуваната позиција да не поддржува никакви цели. Предлогот е обид да бидат привлечени Кина, Индија и САД. Овие три држави заедно до 2015 година ќе предизвикуваат повеќе од половината ЦО-2. Освен тоа, како што јавува весникот „Маиничи„, јапонската влада во текот на 5 години ќе стави на располагање 10 милијарди долари за фонд со кредити со мали камати со кој би биле поддржувани земјите во развој во заштитата на климата. Други важни теми за Јапонците се помошта за Африка, неширењето на оружје за масовно уништување, како и глобалните економски прашања. Развојот на светската економија, меѓутоа, би можел да го замрси каталогот теми. Натамошно покачување на цената на нафтата, или влијанието на кризата со хипотеките во САД и натаму остануваат непресметлив фактор, посебно за Јапонија која нема суровини, а е силен извозник. Ова се покажа веќе во минатата година кога темпото на растеж во Јапонија опадна, а берзата доживеа пад. Се чини дека безбедносните ризици за одржувањето на самитот уште сега се пресметани. Ќе се одржи меѓу 7 и 9 јули, во луксузен хотел на езерото Тоја, на полуостровот Хокаидо. Во таа насока води само еден единствен пат.