1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јанукович и натаму се смета за претседател на Украина

АТ/ дпа/афп/ ројтерс/шпигел28 февруари 2014

На прес-конференција развластениот украински претседател Јанукович ѝ се обрати на јавноста. Тој истакна дека и натаму себеси се гледа како претседател на Украина и демонстрираше борбеност.

https://p.dw.com/p/1BHaY
Фотографија: Reuters

Тој „не бил сменет“ туку ја напуштил земјата откако добил закани, рече развластениот украински претседател Виктор Јанукович на прес-конференција Ростов на Дон, кој првпат се појави во јавноста по неговото бегство од Украина. „Никој не ме собори“, рече Јанукович и дополни дека и понатаму „ќе се бори за иднината на Украина“. „Врховната Рада нe ја сметам за легитимна“, рече тој за работата на Парламентот во Киев.

Виктор Јанукович истакна дека одговoрноста за насилството на плоштадот на независноста во Киев измината недела била кај протестното движење. Тој на полицијата никогш не ѝ издал нарадба да пука врз демонстрантите.

На Западот Јанукович му префрли дека водел „неодговорна политика“ во поранешната советска република. Западот им подлегнал на демонстрантите на плоштадот на независноста во Киев, рече Јанукович. Тој верувал во чесноста на посредниците од ЕУ, кога пред точно една недела потпишал компромис со опозицијата. Потоа избиле „терор, анархија и хаос“.

Јанукович пледираше и за реферндум за иднината на Украина и предупреди од крвопролевање на полуостровот Крим. Она што сега се случувало во автономната област било „природна реакција“ по заземањето на власта од бандитите во Kиев. „Жителите на Крим се разбрира нема да потклекнат пред националистите“, рече Јанукович. Таму сега имало самоодбрана. Жителите на Крим ја штителе својата територија. Крим меѓутоа со проширена автономија би требало да остане во состав на Украина, опомена политичарот.

Бегство од Киев

63 годишниот Јанукович беше сменет од страна на Парламентот во Киев и побегна од главниот град. Како и кога Јанукович ја напуштил Украина засега е нејасно. Од страна на руските безбедносни кругови се вели дека се одговрило на неговата молба за лична заштита на „руска територија“.

Украинските гранични служби и воздухопловните власти спречија тој официјално да ја напушти земјата. Во меѓувреме е изадена меѓународна потерница поради „масовно убивање“. Освен ова украинскиот парламент го повика Меѓународниот кривичен суд во Хаг да поведе истрага против Јанукович „поради злосторство против човештвото.“

Швајцарската влада пак блокираше повеќе сметки на кои биле депонирани износи во милиони на развластениот претседател Јанукович и неговите приврзаници. Исто така државното обвинителство започна истрага против Јанукович и неговот син Александар поради сомневање за „тешко перење на пари“.