1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јадранската тројка очекува јасен сигнал од Рига

Александар Чомовски8 мај 2006

Првви реакции по самитот во Дубровник.

https://p.dw.com/p/AdeB

Пред самитот, НАТО дипломатијата ги стивнува очекувањата на Јадранската тројка, дека поканата за членство во овој колективен безбедносен систем ќе стигне по средбата во Рига. Меѓутоа ако се слушаат американските експерти и лобисти, меѓу другото и оние кои помагаат во реформирањето на АРМ, или pak се проценува димнамиката на армиската трансформација, тогаш во војниот дел Македонија е подготвена за членство во НАТО. „Голем предизвик е да се биде во колективните системи за одбрана и безбедност. Меѓутоа она што лично сметам, НАТО не е привилегија, НАТО е голема обврска, и она што можев да го слушнам и од разговорот со моите колеги, а мислам дека е и реално тоа е дека многу полесно е да станете членка на НАТО, отколку да бидете во НАТО, земјаќи во предвид какви се обврски ќе не очекуваат по влезот во НАТО“ вели началникот на генералштабот генерал Стојановски

Ова е прва официјална реакција по викенд премиерската средба со американскиот потпретседател Дик Чејни во Дубровник. Генерал Стојановски денеска пред парламентарната комисија потенцираше дека членството во НАТО не зависи само од офицерскиот кадар и од реформирањето на војската. „Ние ја разбираме желбата за приклучување кон НАТО и ЕУ“ кажа Дик Чејни. „Верувам дека е важно и Алијансата да добие нови членки, зашто тоа е помош за вредноста околу слободата и демократијата“, им рече потпресдедателот Дик Чејни на пермиерите на Македонија, Хрватска и Абанија, Бучковски, Санадер и Бериша на самиотот во Дубровник.

„ Јас очекувам дека во Рига ќе имаме јасен сигнал, а очекувам во 2008 година Македонија, Хрватска и Албанија да ја добијат поканата за членство во НАТО“ реагираше македонскиот премиер Владо Бучковски по средбата со америсканскиот потпретседател Чејни.

НАТО и натаму има повисок рејтинг на доверба меѓу анкетираните граѓани во Македонија. Наспроти очекуваната поддршка Хрватска, Македонија и Албанија сеуште се во предворјето иако очекуваат позитивни сигнали од наредниот лидерски самит на НАТО во Рига.