1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ѕвечкањата на сабјите на Пјонгјанг татнат до Германија

Наоми Конрад/ афп/ А.Трајковска5 април 2013

Пјонгјанг се конфронтира со САД и Јужна Кореја. Ова ги загрижува и германските политичари. Имено ситуацијата може брзо да ескалира. Германското МНР го повика на разговор севернокорејскиот амбасадор во Берлин.

https://p.dw.com/p/18Ad5
Фотографија: Reuters/KCNA

Со оглед воените закани од Северна Кореја германската Влада го повика амбасадорот на земјата. По барање на министерот за надворешни работи Гидо Вестеревеле претпладнево бил повикан на разговор амбасадорт на Северна Кореја во Берлин, изјави портпаролот на министерството. Германската влада притоа изрази „многу голема загриженост поради ескалацијата за која одговорност сноси Северна Кореја“. Последните закани на Пјонгјанг „во никој случај не се прифатливи за германската влада“.     

Војната е сеприсутна

Телевизијата во Северна Кореја е програмирана за војна: меѓу многуте воени филмови постојано се емитува едно кратко видео, на кое властодржецот Ким Јонг Ун на своите генерали им ги покажува функциите на еден пиштол, раскажува Манфред Грунд: „Значи се’ е воинствено и насочено кон воена реторика“. Пратеникот во Бундестагот од редовите на христијано-демократите за време на Велигденските празници беше во посета на Северна Кореја и на Јужна Кореја - и беше среќен кога повторно се качи во авион.

Manfred Grund
Манфред ГрундФотографија: Manfred Grund

Имено војната не е сеприсутна само на државната телевизија. Со месеци во регионот се транспортира оружје. Во декември минатата година Северна Кореја спроведе ракетен тест. Откако потоа ОН ги заострија санкциите против изолираната воена диктатура, кратко потоа следуваше подземен атомски тест. Со недели САД се вооружуваат во регионот како поддршка за Јужна Кореја и да ги заштитат сопствените воени бази. Имено Северна Кореја веќе се закани со „превентивен удар“ против САД.

Политичарите полагаат на деескалација

Според пратеникот во Бундестагот Грунд, европските дипломати за длабоко загрижени, и размислуваат како би можело да се одврати раководството од ескалација. Имено „Во преносна смисла од оружјето се извлечени безбедносните осигурувачи: случајност или непромисленост може да доведе до ситуација, која повеќе нема да може да се контролира“. Евентуално и до војна.

Загриженост која ја споделуваат многу политичари во Германија - и затоа свесно полагаат на деескалација. Во овие моменти е неопходна присебност на сите страни, опомена германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле.

Nordkorea Kaesong Abriegelung Sonderwirtschaftszone
Фотографија: picture alliance/landov

Јоханес Пфлуг, пратеник од СПД и член на германско-кореанската парламентарна група, верува дека Кина и САД заедно би морале да делуваат смирувачки врз Северна Кореја. Заеднички би морела да создадат институционални рамки за меѓународни разговори, рече Пфлуг, кој последен пат во октомври минатата година беше во Северна Кореја.

Германска посредувачка улога?

Политичарот од ЦДУ Грунд сепак се сомнева дека Кина се’уште има влијание врз раководството во Пјонгјанг. Во разговорите со кинеските политичари и војската тие се покажале посрамотени и иритирани: „Северна Кореја им станала далечна, тие повеќе немале пристап до структурите на моќта“. Исто така и во Кина се стравува, дека севернокорејското оружје еден ден можеби ќе биде насочено кон нив. Во Пекинг, но и во Пјонгјанг постои интерес на посредувачка улога од страна на Германија: „Севернокорејците истовремено бараат економска соработка и надобразба на нивните луѓе во министерството за стопанство и трговија“. Германско-корејските односи се протегаат далеку во минатото: Поранешната ГДР беше еден од најважните партнери на Северна Кореја во тогашниот Источен блок. Денес Германија е една од малку западни земји, кои се’уште имаат амбасада во Пјонгјанг.

Infografik Reichweite der nordkoreanischen Rakete
Колку имаат дострел севернокорејските ракети?

Дали Северна Кореја под притисок на меѓународната заедница ќе се откаже од атомското оружје, Рупрехт Поленц претседател на Комисијата за надворешни работи во Бундестагот се сомнева во тоа: „Стравувам, дека Северна Кореја нема да се откаже од овој пат, да стане нуклеарна сила“, вели Поленц. Севернокорејската стопанска моќ не е доволна за да финансира големи конвенционални сили за безбедност. „Затоа  засилено се свртени кон нуклеарната компонента“.

„80 проценти внатрешна политика“

Исто и политичарот од СПД Пфлуг не верува дека „Северна Кореја ќе дозволи да преговара за своето атомско оружје“. Тој стравува дека затоа соседните држави се вооружуваат. Сепак тој верува дека по 15. април, роденденот на основачот на државата Ким Ил Сунг, кој се слави со голема воена парада, Северна Кореја ќе попушти со реториката. Конечно при заканите се работи „80 проценти за внатрешна политика“ на младиот претседател Ким Јонг Ун, кој неодамна стапи на власт.

„Тоа всушност е еден млад невоспитан, кој мора да ја зацврсти позицијата во однос на докажани генерали, кои служеа и под татко му“, уверен е Грунд. Војна конечно не сака никој.