1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ѓорѓиев: Неодговорно е да се лицитира со прашањето за името

АТ/ миа/ макфакс9 декември 2012

Како неодговорно лицитирање од Владата ги оценија објавените информации, според кои, Северна Република Македонија е предлогот што медијаторот Нимиц го дал на последните разговори со преставниците Јолевски и Василакис.

https://p.dw.com/p/16ymz
Фотографија: MIA

Портпаролот на Владата на Република Македонија Александар Ѓорѓиев денеска (9.12.) по барање на новинарите да даде коментар за шпекулациите кои се појавија во некои медиуми,

а се однесуваат на наводниот предлог Северна Република Македонија од медијаторот Метју Нимиц за решавање на прашањето за името, дециден оти Владата го повторува претходно искажаниот став.

„Неодговорно е да се лицитира со кои било детали или пак аспекти во однос на ова сериозно прашање од врвен државен и национален интерес. Можам да кажам дека не е точно она што беше лиферувано во медиумите“, потенцира владиниот портпарол Ѓорѓиев.

По ноемвриската рунда разговори со преставниците Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис во Њујорк, Нимиц информираше дека изнел серија нови и стари идеи за надминување на спорот соимето.