Шумски пожари на запад на САД
9 јули 2007Реклама
На западот на САД беснеат над 50 шумски пожари. Поради тоа населението во некои делови мораше да биде евакуирано, затворени се и неколку автопати, а во прекин е и дел од железничкиот сообраќај. Само во Јута и Невада изгореа по 62 000 хектари површина, а во Калифорнија се затворени голем број кампови поради пожарите во кои изгореа 14 000 хектари шума. На удар на пожарите поради високите температури се и државите Аризона, Невада, Ново Мексико, Орегон и Вашингтон.