1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Шуми оздрави побргу“

AT/ дпа2 јануари 2014

Здравствената состојба на Михаел Шумахер е стабилна и критична - е последната информација објавена во јавноста. Пријателите и фановите во пресрет на 45-от роденден на „Шуми“ имаат само една желба: повторно да оздрави.

https://p.dw.com/p/1AkMo
Фотографија: Getty Images

Михаел Шумхаер планирал да го прослави својот 45-ти роденден на 3. јануари во кругот на роднините и пријателите во Франција. Сега, пет дена по скијачката несреќа, пред неговиот роденден сите имаат само една желба: Тој да преживее и да биде здрав.

„Get well soon Schumi“, натписот на маицата, која ја покажаа пријателот на Шумахер, Лукас Подолски и неговиот колега од националниот тим Пер Мертесакер, како и некои други фудбалери од Арсенал, говори од срцето на милиони луѓе.

Меѓутоа, еден ден пред неговиот роденден нема промена на неговата здрваствена состојба. Шумхер и денеска (02.01.) се наоѓа во критична состојба. Нови соопштенија нема да има сѐ додека нема промена.

Седумкратниот светски првак во Формула 1, кој во 2012 година дефинитивно ја заврши својата кариера, е во животна опасност по скијачката несреќа на француските Алпи. Михаел Шумахер лежи во кома и се лекува на одделот за интензивна нега на универзитетската клиника во Гренобл. Досега беше двапати опериран.

Michael Schumacher Skiunfall Unfallort Piste
Патеката каде се случи скијачката несреќаФотографија: Getty Images

Покрај семејството, на страната на еден од најуспешните пилоти на Ф1 се и неговите долгогодишни пријатели. Меѓу нив и неговиот поранешен шеф на тимот во „Ферари“, Жан Тод. Шумахер му бил многу, многу добар пријател, рече во една пригода Французинот. „Тоа е повеќе отколку ако би му бил татко, оти пријателот се избира, а таткото не“, рече Тод за весникот „Ди Велт“. Во Гренобл уште вечерта кога се случи несреќата допатува и Рос Браун, кој во последно беше шеф на тимот во „Мерцедес“, но досега не даде никаква изјава.

„Кога владеете некоја работа, можете да го калкулирате и ризикот. А, остатокот ризик, кој повеќе не може да се калкулира, него го има насекаде во животот. Тоа е судбина. Така го гледам ова“, рече самиот Шумахер во интервју за весникот „Билд ам зонтаг“ пред пет години по повод неговиот 40. роденден.

Сега, пред неговиот 45-ти роденден, подобар роденденски подарок од желба за брзо заздравување или барем прв чекор назад кон нормалниот живот и не би можело да има.