1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шумахер и натаму во критична состојба

АТ/ сид/ афп1 јануари 2014

Седумкратниот светски првак во Ф1 Михаел Шумахер сѐ уште се бори за живот. Неговата здравствена состојба е непроменета во однос на вчерашниот ден, изјави во Гренобл неговата менаџерка, Сабине Кем.

https://p.dw.com/p/1AjyZ
Фотографија: DIMITAR DILKOFF/AFP/GettyImages

Здравствената состојба на Михаел Шумахер и натаму е непроменета и е критична. „Михаел и натаму е надгледуван и се наоѓа во стабилна состојба“, изјави денеска (1.01) Сабине Кем пред универзитетската клиника во Гренобл.

Во оваа клиника се третира тешката повреда на главата на 44-годишниот Шумахер, по падот на скијање. Тој се наоѓа во кома.

Кем состојбата ја оцени позитивно и рече дека денеска нема да има други прес-конференции, „бидејќи ништо не се промени, уште помалку на негативно“. Шумахер во текот на измината ноќ бил во стабилна состојба. Кем меѓутоа не пренесе никаква натамошна прогноза. „Сите мораме да бидеме внимателни со нашите проценки. Но, во моментов состојбата е стабилна“.

Michael Schumacher Beraterin Pressesprecherin Sabine Kehm 1. Januar 2014
Сабине КемФотографија: picture-alliance/dpa

Кем пред новинарите изјави и дека семејството на Шумахер се наоѓа на лице место и дека „не му е особено добро“.

Во понеделникот вечерта Михаел Шумахер беше по вторпат опериран, при што лекарите отстраниле еден од многуте хематоми во главата. На вчерашната прес-конференција лекарите ја оценија здравствената состојба на Михаел Шумахер како малку подобрена. Шумахер меѓутоа и натаму е во животна опасност.

Михаел Шумахер во неделата претпладне (29.12.13) се повреди при скијање на француските Алпи во скијачкиот центар Мерибел и се здоби со тешки повреди на главата.