1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шулц бара промена на курсот на доселеничката политика на ЕУ

АТ/ дпа/ афп14 октомври 2013

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц ги повика германската и владите на ЕУ да прифатат поголем број бегалци. Проблемиатиката со бегалците е европска задача.

https://p.dw.com/p/19z9v
Фотографија: picture alliance/ROPI

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц се заложи за промена на европската политика на доселување. Европа би морала „конечно да препознае дека таа е доселенички континент“ и оттука е потребна „итна реформа на нашите закони за доселување“, истакна Шулц за првата програма на германската телевизја (АРД) и магазинот „Шпигел“. На Европа и бил потребен „легален систем за доселување“ каков што имале сите други големи доселенички региони на земјата, како на пример САД, Австралија или Канада. Шулц се заложи за воведување на клуч за распределба, со кој ќе се регулира прифаќањето на доселениците во земјите членки на ЕУ. „Доколку имате 10.000 бегалци на остров како Лампедуза, кој брои 6.000 жители, за островот е тоа катастрофа. Доколу 10.000 луѓе распределите меѓу 507 милиони европејци во 28 земји членки, тоа е возможно“, изјави Шулц. „Ниту Италија, ниту Малта не може да бидат препуштени сами на себе, тоа мора да биде европска задача“.

На 3. октомви при една бегалска катастрофа пред Лампедуза загинаа 360 луѓе од Африка. Спасени беа само 155, од според проценките околу 550 луѓе кои се наоѓале на бродот. По несреќата во Европа се водат жестоки дебати околу европската бегалска политика. Изминатиот петок пак јужно до Малта и италијанскиот остров Лампедуза се насука бегалски брод, претежно со луѓе од Сирија. До неделата вечер беа пронајдени 36 жртви, додека спаувачките екипи успеаа да спасат повеќе од 200 луѓе.

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц го критикуваше и германскиот министер за внарешни работи Ханс Петер Фридрих кој во дебата околу бегалците се повлекол со „евтина полемика и игри со бројки“. Фридрих и покрај последните бегалски драми повеќепати нагласи дека не гледа причина за промена на политиката за доселување во Европа. Министерот повикувајќи се на статистиките за бројот на баратели на азил во Германија ги отфрли барањата, дека Германија во иднина би морала засилено да се ангажира за политиката за бегалци.

Денеска во Италија стартува хуманитарен ангажман на војската која со бродови и авони ќе се обиде да обезбеди колку што е можно поголем дел од Средоземното Море. Италијанскиот премиер Енрико Лета изјави дека тоа било привремена мерка, пред посакуваниот зголемен ангажман од Европската унија. Државите на ЕУ сакаат да ѝ пружат поддршка на Италија во заштитата на границите при спасувањето на бегалците на отворено море.