1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штутгарт – првак во Бундеслигата

20 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag2B

Повеќе десетици илјади граѓани на Штутгарт до доцна во ноќта го славеа успехот на својата екипа која на крајот од фудбалската сезона се закити со титулата германски фудбалски првак. Екипата на тренерот Армин Фе во последниот натпревар од сезоната го совлада Котбус на домашен терен со 2 спрема 1, со што ја одбрани предноста од два бода пред Шалке.