Штутгарт поразен во Глазгов
20 септември 2007Актуелниот шампион во Бундеслигата од синоќешното гостување во Глазгов против Ренџерс, се враќа со пораз од 2:1. Штутгарт одигра одлично, но само до првите минути од второто полувреме кога поведе со голот на Марио Гомез постигнат во 56 минута.
Пресвртот го најави Чарлс Адам во 62 минута кога израмни со одличен удар од 15 метри. Конечниот резултат го постави Жан Клод Дархевил, по сосема непотребно направениот пенал.
Вечерва на програмата се дуелите во купот на УЕФА
Баерн од Минхен на вечерашниот старт на натпреварите во првото коло во купот на УЕФА, за противник го има релативно непознатиот Белененсес од Португалија. Тренерот Отмар Хицфилд, кој верува во триумф за противникот вели:
“ Тимот е многу силен и динамичен и добро организиран. Многу добро играат посебно од крилните позиции“ изјави Хицфилд
Двата преостанати германски претставника во купот на УЕФА Баер Леверкузен и Нирнберг, вечерва играат против Леирија, односно Рапид од Букурешт. Пред големо искушение е и тимот на Работнички кој на градскиот стадион во Скопје го пречекува премиерлигашот Болтон.
Мурињо поднесе оставка
Инаку спортската вест број еден денеска е оставката на Жозе Мурињо од тренерската функција во Челзи. Португалецот, кој имаше договор до 2010 година, наводно заминува по меѓусебен договор со раководството на тимот на милијардерт Роман Абрамовиќ. Од Челзи соопштија дека тренерската позиција привремено ќе ја преземе Аврам Грент, директор во клубот.