Штрајк во Франција
15 ноември 2007Реклама
Втор ден штрајкуваат вработените во Француската железница и енергетските претпријатија во земјата. Според портпарол од железницата, денеска треба да сообраќаат повеќе возови од вчера. Во моментов, Владата и синдикатите се обидуваат да ги приближат ставовите. И двете страни покажуваат подготвеност за преговори. Штрајковите се оргазираат поради протест против планирата пензиска реформа од страна на претседателот Никола Саркози.