Штрајкувачите со глад во Гвантанамо не се откажуваат
4 мај 2013Во воената база Гвантанамо беј која служи како затвор за лица осомничени за терористички активности се наоѓаат 166 затвореници. Стотина од нив се водат како штрајкувачи со глад, почнувајќи од минатиот преток соопшти американскиот потполковник Самјуел Хаус.
Меѓу оние кои штрајкуваат со глад, 23 лива принудно добиваат течност за да се спречи нивна смрт од прегладнетост а четворица се префрлени во армиската болница каде се надлегува нивната здравствена состојба, истакна Хаус.
Американската војска ги заведува затворениците во категоријата штрајкувачи со глад врз основа на нивната тежина и бројот на оброци кои ги одбиваат.
Адвокатите на лицата затворени во Гвантанамо ги оспоруваат податоците на американската војска во врска со бројот на штрајкувачи со глад уште од почетокот на штрајкот во февруари годинава во знак на протест поради лошите услови и неограниќеното држење во притвор без покренување на обвинение и покренување судски процес.
Официјалниот број на штрајкувачи со глад растеше се до 27 април кога првпат го достигна бројот од 100 лица.