1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што ќе биде со Бошњаците во Митровица?

Рефки Алија/ Александра Трајковска28 април 2013

Околу 2.000 Бошњаци кои живеат во Митровица ќе се припојат кон Асоцијацијата на српските општини. Целта им е подобро да ги заштитат националните интереси и да не бидат уценувани од албанските политички претставници.

https://p.dw.com/p/18Oa8
Фотографија: DW/R. Alija

Неџад Угљанин, претставник на Бошњаците од Босанското маало и претставник на Бошњачката партија на демократска акција на Косово (БСДАК) за Митровица вели дека договорот за нормализација на односите меѓу Приштина и Белград дополнително ја влошува и онака лошата положба на припадниците на неговата заедница во овој поделен град.

„Ние Бошњаците сметаме дека сме во многу незавидна положба бидејќи фактички дојде до поделба. Иако не се споменува, но ние тоа го знаеме, се создава еден вид Република Српска како во Босна. Можеби тоа за некого е невидливо, но за нас тоа секако е видливо“, вели Угљанин.

Угљанин ги почитува ставовите и на српската и албанската заедница, но потсетува дека е негова обврска да се грижи за Бошњаците, поради што веќе разговарал со претставниците на речиси сите српски политички партии во северна Митровица.

Kosovska Mitrovica - Stadt im Kosovo - Nedzad Ugljanin
Неџад УгљанинФотографија: DW/R. Alija

„Ние сметаме дека самите себе мораме да се пронајдеме во рамките на Асоцијацијата на тие општини и да ги браниме своите интереси во рамките на општинските органи. Сметаме дека во овој договор повеќето Бошњаци, кои живеат на јужната страна, ќе бидат оставени на цедило“, напоменува Угљанин.

Заштита на националните интереси

Во разговор со претставниците на српските политички партии, Угљанин вели дека веќе добил гаранции за заштита на своите национални интереси во рамките на собранијата: „Ќе бараме да бидеме застапени во сите институции: здравство, школство и останатите стопански гранки. Добив позитивен одговор и ние сме подготвени за избори. Се надеваме дека веќе наредниот месец ќе тргнеме во обиколка на сите Бошњаци на север. Да им кажеме, да не дојде до страв, дека ќе бидеме тука во рамките на собранието и во рамките на тие власти да ги заштитиме нашите национални интереси“.

Kosovska Mitrovica - Stadt im Kosovo
Косовска МитровицаФотографија: DW/R. Alija

Лоши политички односи со Албанците

Односите на бошњачките политички претстваници со општинските претставници од јужниот дел, кој е населен претежно со Албанци, со години не се добри. Капката во преполната чаша, тврди нашиот соговорник, била долеана по последните локални избори, пред скоро четири години, од кога Бошњаците не учествуваат во работата на самоуправата.

„Бошњаците, кога беа последните избори, го поддржаа сегашниот претседател на општината Авни Кастратиј со 577 гласови. Од претседателот на општината баравме потпретседателското место да не им припаѓа само на Бошњаците, туку да има три потпретседатели од сите заедници. Меѓутоа до што дојде? Претседателот на општината за стотина гласови за потпретседател постави претставник на турската заедница“ вели Угљанин.