1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што се крие во црните дупки?

Андреас Нојхаус / Жана Ацеска22 јуни 2012

Американската вселенска агенција НАСА во вселената стартуваше нов телескоп, НуСТАР. Астрономите се надеваат дека со негова помош ќе ги истражат црните дупки и остатоците од експлодирани ѕвезди.

https://p.dw.com/p/15Fgq
Фотографија: NASA

Најголемиот дел од случувањата во вселената не е видлив со голо око. НуСТАР, рентгенски телескоп, нуди сосема нов поглед во вселената. Зашто, наместо видлива светлина, тој првпат прикажува високоенергетски рентгенски зраци. Овие зраци настануваат при експлозиите на ѕвездите или преку т.н. црни дупки.

Притоа, НуСТАР е многу појак, но не е особено голем: долг е десет метри и тежи 350 килограми. Неговото испраќање во вселената изгледаше вака - авион испали ракета како бомба во која беше телескопот. Ракетата потоа го однесе телескопот во вселената.

Таму НуСТАР треба да одговори на прашања на астрономијата. Како на пример: како се распоредени црните дупки во вселената? Или, што се случува кога ќе се спојат или судрат две од нив? Научниците се подготвени на изненадувања, зашто НуСТАР овозможува десетпати подобар поглед во вселената од досегашните телескопи.

Црните дупки инаку се остатоци од мртви ѕвезди, кои со голема сила привлекуваат се‘ околу себе и го голтаат. Но, црните дупки не можат директно да се видат туку само да се насетат преку рентгенските зраци кои ги испуштаат.

Новиот телескоп на НАСА беше исфрлен во вселената од космодром на Маршаловите Острови во јужниот Пацифик.