1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Што да направи македонската економија за приближување кон ЕУ?“

Горан Петрески3 ноември 2005

Вице премиерот на Македонија Радмила Шеќеринска и германскиот амбасадор Ралф Бред разговараат со стотина стопанственици во Македонија.

https://p.dw.com/p/AeNd
Банките во Франкфурт
Банките во ФранкфуртФотографија: AP

Зошто германските банки ги нема во Македонија? Кога македонскиот текстил ќе оди на европскиот пазар како Made in Macedonia? Зошто е бавна процедурата за издавање на деловни визи за патување во Германија? Ова се само дел од прашањата за македонсктата вице – премиерка Радмила Шеќеринска и новиот гермнаски амбасадор во Скопје Ралф Бред. Ги поставија бизнисмените членови на македонско – германската стопанска комора.

Кои конкретни мерки треба да се преземат?

Централно прашање за сите учесници на деловната вечера беше: Кои конкретни чекори треба да ги преземе македонската економија за приближување кон Европската унија. Гермаснкиот амбасадор Бред рече:

„Економијата не е се‘, но без економијата се‘ е ништо. Таа ги создава реалните вредности. Македонија во тој дел има големи проблеми. За да ги реши треба да ги следи примерите на азиските но и новите источно – европски економски тигри. Треба многу време да ја подобри инфраструктурата и да оспособи стручни кадри, но има и мерки кои даваат брзи резултати. Да се направи флексибилен пазарот на трудот, да се создадат поволни даноци и царини.“ рече германскиот амбасадор во Македонија Бред, обраќајќи им се на бизнисмените.

Македонија направи многу

Но сеуште недоволно за здарава економија што ќе и конкурира на Европа е тезата со која настапи вице – премиерката Шеќеринска пред стотината стопанственици:

„Амбасадорот веќе спомена дека можеме да кажеме дека сме постигнале многу на неколку фронта во овој дел: макро економска стабилност, низок буџетски дефицит, целосна или значителна либерализација на трговијата согласно обврските и од Светската трговска организација и согласно одредбите за спогодбата за Стабилизација и асоцијација. Меѓутоа апсолутно недоволни за да ја променат состојбата во делот на развојот, во делот на растот, во делот на микро економијата. Очигледно е дека е непходно да се зголеми стапката на раст, очигледно е дека за да тоа се случи ни се потребни домашните и странските инвеститори, бидејќи честопати знаеме да ги запоставиме домашните. Неопходно е да се охрабри претприемништвото и неопходно е да се поддржат малите и средни претпријатија на начин кој што нема да ја наруши конкеренцијата и пазарот. “

Одговорите на конкретните прашања, беа помалку или повеќе дипломатски. Германските банки не доаѓаат во Македонија оти како и сите фирми и тие преземаат деловни потези во земји од економсикиот интерес – одоговоори германскиот дипломат Бред. Не се согласи дека процедурата за издавање на деловни визи е бавна туку дека е во функција на јакнење на трговските односи меѓу Македонија и Германија.