1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штефан Филе во прва посета на Македонија

19 февруари 2010

Комесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе денеска ќе престојува во еднодневна посета на Република Македонија, во рамки на која ќе оствари средби со државниот врв.

https://p.dw.com/p/M5QN
Еврокомесарот Штефан ФилеФотографија: picture alliance / dpa

Европскиот комесар за проширување Штефан Филе со македонскиот државен врв се очекува да разговара за евроинтеграцијата на Македонија, а во тој контекст и за грчкото условување на стартот на преговорите за членство со претходно решавање на прашањето за името.

На средба на 17.02.10 во Брисел со македонски новинари, Филе претходно изјави дека Македонија има отворена можност за решавање на долгогодишниот спор за името со Грција, но и оти за тоа е потребна политичка волја од страна на двете земји. „Надворешната помош не може да ја замени политичката волја на Атина и Скопје. За танго се потребни двајца“, рече Филе. Тој очекува за време на шпанското претседателство да се реши спорот меѓу двете земји, што го блокира отворањето на преговорите на Скопје со ЕУ и ги поздрави напорите на Мадрид да се реши прашањето.

Flaggen der EU und Mazedonien in Skopje
Фотографија: Petr Stojanovski

Еврокомесарот Филе доаѓа во Македонија по усвоената резолуција во ЕП, во која се препорачува што побрз почеток на пристапните преговори и барањето на европратениците за поголем ангажман на ЕУ за решавање на спорот за името.

Посетата на еврокомесарот Штефан Филе се совпаѓа со престојот на делегацијата на Комисијата за надворешна политика при Европарламентот, предводена од европратеникот Алојз Петерле, која денеска ја продолжува посетата на Македонија.

Еврокомесарот Штефан Филе е во прва посета на Македонија во својство на комесар за проширување на ЕУ.

Автор: АТ/ЖА/миа

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема