1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штајнмаер ја бранеше одлуката за случајот Курназ

30 март 2007
https://p.dw.com/p/AgIs

Во случајот со затвореникот во Гвантанамо, Мурат Курназ, германскиот министер за надворешни Франк Валтер Штајнамер повторно ги бранеше ставовите на поранешната црвено зелена владина коалиција. Сведочејќи пред анкетната парламентарна комисија Штајнмаер изјави дека во 2002 година е утврдено оти Курназ преставувал можен ризик за безбедноста, поради што е исправна одлуката тој да не биде веднаш вратен во Германија.

„Тоа што ослободувањето на Курназ се случи дури во 2006 е одлука на американските власти. Обвинувањето дека тогашната сојузна влада или одредени лица во неа на каков било начин го продолжиле затворот е неосновано,“ изјави Штајнмаер.