Штајнмаер во Нигерија
2 август 2007Реклама
Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер го поздрави планираното испраќање на меѓународни мировни сили во кризниот регион Дарфур во Судан. Шефот на германската дипломатија ова го изјави воочи заминувањето на Нигерија, каде со тамошните власти ќе разговара околу плановите за учество на африканските сили во мировната мисија. Во главниот град Абуџа, Штајнамер ќе разговара со заменик минситерот за надворешни работи Багуду Хирсе, а планирана е средба и со претседателот на земјата Умару Јардауа.