Штајнмаер – Блиски исток
5 мај 2007Реклама
Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер денеска ја продолжува турнејата на Блискиот исток со посетата на палестинките автономни територии. Тој во Витлеем ќе разговара со претставници на различните религиозни заедници, а во Рамала, вечерва ќе има средба со палестинскиот претседател, Махмуд Абас и својот колега Зиад Абу Амр. На разговорите ќе стане збор пред се за арапската иницијатива со која на Израел му се нуди признавање од страна на арапските држави доколку тој се повлече од окупираните територии и го прифати враќањето на палестинските бегалци. Утре Штајнмаер заминува за Израел.