1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штајнмаер бара соработка на Американците

19 март 2007

Германскиот министер за надворешни работи, Франк Влатер Штајнмаер, денеска е во САД. Во американското министерство за надворешни работи ќе се водат разговори за соработката на ЕУ и САД, односно подготовката на самитот на унијата и САД кој треба да се одржи во Вашингтон на 30 април. Непосредно пред да отпатува, шефот на германската дипломатија од американската влада побара да соработува со сојузниците в

https://p.dw.com/p/AbyQ
Од неодамнешната средба на Рајс и Штајнмаер во Берлин
Од неодамнешната средба на Рајс и Штајнмаер во БерлинФотографија: AP

� НАТО околу планот за противракетниот одбранбен систем.

Германските социјалдемократи, кои се дел од големата коалиција во Берлин, ја заострија својата критика на сметка на Американците поради противракетниот систем што треба да се направи над Источна Европа. Шефот на СПД, Курт Бек за денешен Билд изјави дека неговата партија не сака нова трка во вооружување меѓу САД и Русија на европска почва. Во Европа не ни се потребни нови ракети, вели лидерот на социјалдеморкатите, Курт Бек, а неговата сопартијка, министерката за развој, Хајдемари Вичорек Цојл во нејзин текст за „Франкфуртер Рундшау„, денеска пишува дека е неодговорно да се создаваат политички и воени ризици со екстремно скапи, технички несозреани технологии за одбрана. Таа апелира сериозно да бидат разгледани задршките што по ова прашање ги има Русија. Вицеканцеларот, Франц Минтеферинг, исто како и шефот на дипломатијата, Штајнмаер, од САД бара тие да разговараат со сојзуниците во НАТО. “Од САД, но и од земјите ои сакаат да го инсталираат системот, очекувам да разговараат за овие прашања, зашто тие имаат димензија која бара постигнување согласност. Тоа не е мала работа. Затоа јас во моментов немам дефинитивен став, но итно препорачувам да се разговара, а не да се прави што било со што Европа би била ставена пред свршена работа. Тоа не би било добро.“

И додека социјалдемократите предупредуваат, нивните коалициони партнери, Христијанско-демократската унија, укажува на други димензии на проблемот. Портпаролот на пратеничката група на ЦДУ, Екарт фон Кледен, изјави дека не се плановите на САД тие што се опасни, туку опасност од нова трка во нуклеарно вооружување се активностите на Иран, во кои се крие ризик од тоа нуклеарното оружје да се најде во раце на терористи. Германската канцеларка, Ангела Меркел, за денешен „Нојен Пресе“, рече дека шансите за наоѓање единствено решение на прашањето не се воопшто лоши и дека за темата веќе се разговарало во рамки на советот НАТО-Русија.