1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шредер го поддржува Карзаи

11 октомври 2004

”Мислам дека Карзаи ќе успее и тоа во првиот круг”, изјави денеска германскиот канцелар, Герхард Шредер, кој е во посета на Авганистан. По разговорите со авганистанскиот претседател, Хамид Карзаи, Шредер во Кабул рече дека изборите одржани во саботата се историски.

https://p.dw.com/p/AcKd
Шредер кај Карзаи
Шредер кај КарзаиФотографија: AP

Изборите во Авганистан се важен чекор во подобрувањето на стабилноста во земјата, беа согласни и германскиот канцелар и авганистнаскиот претседател. Шредер и Карзаи ги отфрлија критиките на политичкитепротивници на аванистанскиот претседател, упатени на сметка на германскиот канцелар поради терминот на неговата посета на Кабул. Со оглед на тоа што и онака е во посета на регионот, само по себе се подразбира дека ќе го посети и Авганистан, нагласи Шредер и додаде дека сакал да покаже дека изборите се многу важен чекор во развојот на земјата

Освен тоа, канцеларот сакал да изрази и благодарност до германските војници поради нивната улога во обновата на Авганистан.

“....ова беше многу важна етапа на патото кон поголема стабилност, кон повеќе демократија во земјата. И, тоа, треба да се каже без никаква ограда и со голема почит кон работата на младите луѓе овде. Без нивната работа ова немаше да биде можно и ќе изгледаше лошо.”

И ако победеше друг кандидат, ќе дојдев”, додаде Шредер. Карзаи од своја страна подвлече дека владата работи сосема нормално, како и секој друг ден и укажа на фактот дека германскиот канцелар му дошол во посета два дена по изборите, а не пред нивното одржување. Обвинувањето дека канцеларот помага во изборите, можеби би држело ако стигнеше во четвртокот или петокот, рече Карзаи.

Германскиот канцелар Шредер најави дека Германија е подготвена да му даде поддршка на процесот на демократизација во земјата:

”Ова е важен чекор кон повеќе демократија и поголема стабилност во земјата. Овој процес ќе биде поддржуван од страна на Германија. ”