1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шпанскиот машиновозач пред истражен судија

СН/АМ/дпа/ртр28 јули 2013

Официјалната комеморативна церемонија за жртвите во тешката железничка несреќа кај шпанскиот град Сантјаго де Копмостела ќе се оддржи утре во градската катедрала.

https://p.dw.com/p/19FNe
Фотографија: Reuters

Машиновозачот, кој го управуваше возот што излета од шините кај шпанскиот град Сантијаго де Компостела, при што загина 78 лица, денеска треба да биде изведен пред истражен судија. Против 52-годишниот Хозе Гарсон Амо претходно беше покренато обвинение за убиство од небрежност.

Според досегашните наоди на истрагата, причина за тешката железничка несреќа била неприлагодента брзина, односно возот се движел со брзина од 190 километри на час во зона во која се дозволени само 80 километри на час. Машиновозачот е осомничен за развивање на прекумерна брзина на свиок при влез во Сантјаго де Компостела.

Вчера тој беше пренесен во полициска станица, по отпушатњето од болница, каде беше примен поради повреди на главата. Машиновозачот, кој 30 години работи за државната железничка компанија „Ренфе“, вчера одби да одговори на прашањата на полицијата.

Официјалната комеморативна церемонија за жртвите во несреќата ќе се оддржи утре во катедралата на Сантјаго де Компостела.