Шпанија и Русија финалисти на ЕП во кошарка
16 септември 2007Реклама
Домаќинот на ЕП во кошарка Шпанија и Русија се двете репрезентации кои вечерва ќе се борат за златниот медал на шампионатот. Шпанците во полуфиналниот натпревар ја совладаа Грција, со 82:77. Русија беше подобра од Литванија совладувајќи ја со 86:74.
Германија со вчерашниот триумф против Словенија обезбеди пласман на меѓуквалификацискиот турнир за Олимписките игри во Пекинг наредната година. Попладнево селекцијата на Германија во натпревар за петото место се среќава со Хрватска.