Шлиренцауер доминира на Четирите скокалници
2 јануари 2012Австриецот Грегор Шлиренцауер триумфираше и на вториот натпревар во рамки на традиционалната новогодишната турнеја „Четири скокалници“, која во неделата се одржа во германскиот скијачки центар Гармиш-Партенкирхен.
До својата 38 победа во кариерата Шлиренцауер дојде со скокови од 138 и 134 метри.
„Неверојатно сум среќен. Ова повторно беше еден извонреден ден за мене. Да се биде на врвот секогаш е посебно чувство, а особено на Четирите скокалници“, изјави Шлиренцауер.
Неговиот сонародник Андреас Кефлер заврши на втората позиција исто како на скокалницата во Оберсдорф пред неколку денови. На третото скалило на победничкиот пиедестал се искачи Јапонецот Даики Ито, кој го имаше и најдолгиот скок од 141,5 метар. По двете скокалници во Германија, турнејата се сели во Австрија, каде на 3 и 4 јануари на програмата е натпреварувањето во Инсбрук, а големото финале е на шести јануари во Бишофсхофен.
Германските натпреварувачи повторно немаа свој ден. Најдобро пласиран беше Северин Фројнд на седмото место. Мартин Шмит, пак, го доживеа разочарувањето на кариерата откако не успеа да ја заврши втората рунда, па автоматски отпадна и од двете последни натпреварувања во Австрија.
Автор: БГ/дв/дпа
Редактор: Ж.Ацеска