1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шефот на „Амазон“ го купува „Вашингтон пост“

ЖА/дв/дпа/афп/ртре6 август 2013

Основачот на компанијата за интернет-трговија, Џеф Безос, го купува еден од весниците со најбогата традиција во САД, за 250 милиони долари. Наводно, Безос го купува „Вашингтон пост“ - приватно.

https://p.dw.com/p/19KJE
Фотографија: Reuters

Издавачката куќа „Вашингтон пост компани“ одлучи да го продаде весникот „Вашингтон пост“ на основачот на компанијата за електронска трговија „Амазон“ Џеф Безос за 250 милиони долари. Ваквиот чекор доаѓа во време на досега невидени предизвици на пазарот на печатени медиуми, кој се соочува со пад на продажбата и приходите од реклами. Претседателот и извршниот директор на „Вашингтон пост“ Доналд Греам, чие семејство го поседува авторитетниот весник, изјави дека неговата иднина ќе биде подобра и побезбедна со нов сопственик. Докажаниот технолошки и деловен гениј, Џеф Безос и неговиот долгорочен приод и лична посветеност го прават единствено најдобар нов сопственик на „Вашингтон пост“, истакна Греам.

Amazon-Gründer Jeff Bezos
Џеф Безос, основач на „Амазон“Фотографија: picture-alliance/dpa

Безос тврди дека нема да има промена во вредностите на весникот. Тој засега не планира да врши промени ниту во раководството на „Вашингтон пост“. Својата позиција ќе ја задржи и Кетрин Вејмот, како издавач и раководител. „Вашингтон пост“, основан во 1877 година, повеќе од осум децении беше во сопственост на семејството Греам, а стана познат меѓу другото и со откривањето на скандалот „Вотергејт“ во 1970-те години, што водеше до оставка на тогашниот претседател, Ричард Никсон. Во последно време весникот придонесе и во откривањето на аферата со прислушкувањето, обелоденета преку поранешниот американски разузнавач, Едвард Сноуден.