1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шефер во Скопје

Александар Чомовски21 април 2008

Во Македонија денеска (21.04.08) доаѓа генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хоп Шефер. Тој во чантата носи порака за раководството дека алијансата ќе ја прими Македонија веднаш штом ќе биде решен спорот со името.

https://p.dw.com/p/DlPt
Јаап Де Хоп ШеферФотографија: AP

Денеска во Скопје престојува генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хоп Шефер, кој не ги има симпатиите во македонската јавност поради начинот на којшто ја соопшти одлуката за одлагање на приемот на Македонија на последниот самит на НАТО.

Во Македонија од една страна пак, дипломати како во Скопје и Брисел но и во Вашингтон, знаат дека во кабинетот на премиерот Никола Груевски има приврзаници за нова преговарачка стратегија со Грција, која вклучива и спор пред Меѓународниот суд за правда. Од друга страна претседателот на Македонија се обидува во седиштето на ОН и кај генерланиот секретар Бан Ки -мун, да остави писмено несогласување со грчкото вето за македонскиот влез во НАТО, што според Црвенковски е прекршување на времената спогодба потпишана во Њујорк.