1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шефер во Москва

27 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/B3lH

Американскиот ракетен штит и прашањето за статусот на Косово остануваат централните спорни прашања во односите меѓу НАТО и Русија. Првиот човек на Алијансата, Јаап де Хоп Шефер, по разговорите во Москва со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија и западот треба да ги смират тоновите. Тој нагласи дека предлогот на Русија за заедничко користење на радарот во Азербејџан, не може да биде алтернатива за антиракетниот штит во Полска и Чешка. Путин нагласи дека дијалогот меѓу Москва и НАТО може да помогне во решавање на сите проблеми во светот. Путин во недела заминува во дводневна посета на САД.