1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

“Шегите” на Буш

7 септември 2007

АПЕК или ОПЕК, Австрија или Австралија?!

https://p.dw.com/p/Bdcj
Џорџ Буш и Џон Хауард во СиднејФотографија: AP

Политиката е сериозна работа, политичарите ја кројат сегашноста и иднината на светот, предодредуваат судбини на многу луѓе. Но, политиката може и да забавува, развеселува. На пример вака: во австралискиот град Сиднеј се одржува самит на АПЕК. На него учествува и американскиот претседател Џорџ Буш. Првиот човек на најмоќната нација на светот се погрижи за развеселување на учесниците на значајниот собир.

Буш му се заблагодари на австралискиот премиер Џон Хауард за гостопримството на самитот на ОПЕК! ОПЕК е организација на земјите извознички на нафта, а Австралија е домаќин на АПЕК, организацијата на земјите од азиско-пацифичкиот регион. Брзо реагирајќи на лапсусот, Буш појасни дека е поканет и на самитот на ОПЕК наредната година.

Не беше грешка, туку само шега - веднаш побрзаа да објаснат советниците на американскиот претседател.

Можно е, се разбира. Но, познато е исто така дека јавноста и досега повеќепати се развеселуваше со лапсуси – или шеги, се’ едно - на американскиот претседател. Џон Хауард како посебно да го инспирира – минатата година му се заблагодари за ангажманот на австриските(!) трупи во Ирак. За малер, Џон Хауард не е австриски, туку австралиски премиер, а и трупите во Ирак се австралиски.