1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шверцери пренесувале хашиш во лубеници

БГ/макфакс3 мај 2013

Околу 32 тони хашиш сокриен во пратки од лубеници од Мароко се запленети во Шпанија, што претставува рекордна заплена во оваа земја, објави во петокот шпанското министерство за внатрешни работи.

https://p.dw.com/p/18Rz4
Фотографија: AP

Хашишот бил сокриен во камион со лубеници кој на брод од мароканското пристаниште Тангер впловил во пристаништето Алгесирес на крајниот југ од Шпанија, се додава во соопштението на шпанското министерство. Се наведува дека на пазарот ова количество дрога, инаку трето според количеството, би чинело околу 50 милиони евра.

Претходно, последното големо запленување на значајно количество дрога во Шпанија, воедно и досега најголемото се случи во 1996 година кога беа запленети 36 тони хашиш, додека мароканскиот рекорд изнесува 35 тони запленети во 2007 година.

Шпанија, којашто излегува на Атлантскиот Океан и ги спојува Европа и Африка преку Гибралтарскиот теснец, е главниот транзитен пат за криумчарење на дрогите во Европа. Минатата 2012 година во Шпанија се запленети 20,7 тони кокаин што претставува 24,9 отсто повеќе отколку во претходната 2011 година, и 325 тони хашиш што е за 8,5 проценти помалку отколку во 2011-та, наведува уште тамошното министерство за внатрешни работи.