1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шведска неприкосновена на Евросонг, Калиопи на 13-то место

Јаков Леон/ Жана Ацеска27 мај 2012

Претставничката на Шведска со 372 освоени бода убедливо победи на 57. Песна на Евровизија во Баку. На второ место е Русија (259), на трето е Србија (214 гласа). Калиопи го освои 13. место, а Германија - осмо.

https://p.dw.com/p/1538v
Фотографија: dapd

Прогнозите на фановите, новинарите и обложувалниците навестуваа дека Евросонг наредната годна ќе биде одржан во Шведска. Победата на 28-годишната пејачка Лорен Зинеб Нока Талхаоуи не е спорна. Дури и во самата Кристална сала, која за неполни девет месеци во Баку за шест милиони евра ја изградија токму Германците, атмосферата и реакцијата на публиката навестуваше која е победничката композиција. И самите Азербејџанци кои со бодови ги поддржаа Русите и Турците, пред финалето се изјаснија дека би требало да победи Шведска.

Aserbaidschan Eurovision 2012 Halbfinale 24.05.2012
Впечатлив настап на КалиопиФотографија: dapd

За победникот одлучуваше и жири и публиката

„Се чувствувам прекрасно и се‘ ми изгледа нестварно. Како да ќе исчезне за неколку часа. Во секој случај сум среќна. Како ќе ја прославам победата? Не сум некој кој сака журки, но ќе се забавувам и ќе ја славам, зашто напорно работев на сево ова“, изјави Лорен.

За победникот како и претходните години одлучуваа стручни жири-комисии и публиката со испраќање СМС и телефонски пораки.

Следниот Евросонг ќе биде одржан на 18. мај 2013. година, а каде точно, не се знае.

„Знаеме дека ќе биде во Шведска, но не и во кој град, зашто во игра се повеќе градови кои имаат соодветна инфраструктура“, изјави Кристер Бјоркман, шефот на шведската делегација.

Прецизни прогнози

Прогнозите кои со недели претходно го предвидуваа победникот овојпат беа доста прецизни во однос и на второто и третото место. Руските Бурановски бабушки анимираа голем број Европејци. Трет беше претставникот на Србија, кој ја посакуваше победата како и во 2004. година во Истанбул. Но, овојпат му се „лизна“ и вицешампионското место. Песната „Љубовта не е предмет“ со 12 поени ја поддржаа Бугарија, Хрватска, Црна Гора и Словенија, а Србија пак своите 12 поени и‘ ги додели на македонската претставничка Калиопи.

ESC 2012 Das Finale
Роман Лоб заврши на осмо местоФотографија: picture-alliance/dpa
ESC 2012 Das Finale
Жељко Јоксимовиќ не ја оствари желбата за победаФотографија: dapd

Норвежаните-последни

Со најголем дебакл оваа година се соочи Норвешка, нејзиниот претставник Тооји остана последен со само 26 бода, а убедливо најдобро организирана дијаспора овојпат имаше Албанија, чија претставничка, пејачката од Косово, Рона Нишлију се најде на петто место.

Претставничката на БиХ Маја Сар го освои 18. место. Големата ѕвезда од Македонија, Калиопи со песната „Црно и бело“ беше поуспешна и со добиените 71 поен стигна на 13. место. По неколкугодишна пауза, Калиопи на Македонија и‘ обезбеди настап во финалето на Евросонг.