1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Швајцарија го ограничи доселувањето

АТ/ дв/ макфакс19 април 2012

Швајцарија се најде на удар на критики од европските фунцкионери поради одлуката повторно да воведе квоти за доселување на лица од осум земји од средна и источна Европа.

https://p.dw.com/p/14gq4
Фотографија: picture alliance/KEYSTONE

Швајцарската влада привремено го ограничи доселувањето од земјите на ЕУ. Погодени се доселениците од осум источноевропски земји. Швајцарија се повикува на клаузула во договорот со ЕУ, која предвидува ограничување на доселеувањето доколку во текот на една година има десет проценти повеќе доселеници од просекот во однос на претходните три години.

Во Швајцарија, којашто и покрај економската криза ја одржува стапката на невработеност од 3 отсто, изминатите години пристигнаа голем број имигранти од земјите членки на ЕУ.

Високиот претставник на ЕУ Кетрин Ештон и претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц критикуваа дека Швајцарија со ова го крши договорот за слобода на движењето.

„Оваа одлука не е економски оправдана, поради ситуацијата на пазарот на трудот, ниту од бројот на државјаните од Европската унија, коишто бараат престој во Швајцарија“, изјави Кетрин Ештон, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика.

Од 1-ви мај ќе бидат одобрени само две илјади дозволи за државјани на Естонија, Латвија, Литванија, Словачка, Словенија, Чешка, Полска и Унгарија за живеење и работење во Швајцарија, наспроти шесте илјади вакви дозволи коишто ги издала мината година.